Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев даде интервју за „Газета дело Спорт“ пред дуелот на двата негови поранешни клуба Интер и Црвена Звезда.
Панчев уште еднаш потврди дека преминувањето во Интер кога ја напушташе Црвена Звезда било голема грешка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во тоа време бев меѓу најбараните напаѓачи во Европа. Имавме преговори со Барселона, чиј тренер беше Јохан Кројф. Ме бараше и Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Потпишав преддоговор со Милан. Заинтересиран беше и Реал Мадрид, на преговори дојде и неговиот претседател Рамон Мендоза. Имаше избори, но јас ја избрав најлошата опција. Никој не е виновен. Ја преземам одговорноста на себе“, Панчев.
„Јасно е за кого ќе навивам. Искрено мене Црвена Звезда и Вардар ми се се во животот. Мене Звезда ме научи како да постојам на овој свет. Интер е фаворит, но во фудбалот ништо не се знае однапред“ рече Пачев за „Газета дело Спорт“.