Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дани Алвеш вечерва ќе испише историја со Бразил

Дани Алвеш вечерва ќе испише историја со Бразил

Ветеранот Дани Алвеш вечерва се очекува да стане најстариот капитен во историјата на Бразил на едно Светско првенство.

Алвес ја доби честа од Тите да ја носи капитенската лента на натпреварот против Камерун. „Кариоките“ веќе обезбедија пласман во нокаут фазата, а се борат за првото место во групата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„За мене е многу голема работа што го носам бразилскиот дрес и горд сум на сите успеси. Со бразилската репрезентација сум со години и среќен сум што можам да го завршам овој циклус со настап на Светско првенство. Во овие 16 години го давав мојот максимум, а секогаш сум мислел дека животот ги наградува тие кои го прават тоа што го сакаат“, изјави Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…