Дома Фудбал Репрезентации Далиќ ја пофали Македонија: Тој натпревар ќе биде одличен тест за нас

Далиќ ја пофали Македонија: Тој натпревар ќе биде одличен тест за нас

Фудбалската репрезентација на Македонија на 3-ти јуни ќе игра против Хрватска на стадионот „Рујевица“ во Ријека, а селекторот на Хрватска Златко Далиќ ја гледа Македонија како идеален противник во подготовките за Европското првенство.

За Хрватска тој натпревар ќе биде претпоследен во подготовките и според Далиќ тоа ќе биде одлична можност да видат до каде се и што можат да поправат за првенството.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Македонците се одличен противник за таа фаза од подготовките. Зборуваме за репрезентација која ремизираше дома со Италија и Англија.

Тоа е доволен показател дека тој натпревар за нас ќе биде вистински испит до каде сме со подготовките пред заминување на Европското првенство и што треба да поправиме“, изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА го казни Луис Диас со три натпревари, Баерн ќе се жали

Крилниот играч на Баерн Минхен, Луис Диас, доби казна од три натпревари поради црвениот ка…