Фудбалерите на Хрватска зад себе имаат одлично Светско првенство во Русија на кое меѓу останатото ја победија Аргентина во групната фаза со големи 3:0.
Тоа беше еден од неколкуте натпревари во кариерата на Меси на кое делуваше немоќно, а најмногу за тоа е „виновна“ одличната тактика на селекторот на Хрватска, Златко Далиќ. Тој во разговор за странските медиуми објасни како неговите играчи тој ден го чуваа Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За мене Меси е најдобар играч во светот и тој тоа го покажува од недела во недела. Него му е многу потешко да игра за Аргентина отколку за Барелона и ние ги искористивме тие недостатоци кои ги забележав во играта на Аргентина. Клучната работа беше да бидеме дисциплинирани и да го следиме нашиот план на игра. Нашите играчи го изработија тоа.“, изјави Далиќ, па додаде:
„Се обидовме Меси да прими помалку топки и да го оддалечиме од местото каде што сака да ја добие топката. Сепак, фудбалот е тимски спорт и ако една екипа е подобра од другата, тешко е еден индивидуалец да ги сврти работите. Хрватска едноставно тој ден беше подобра од Аргентина“, заклучи Далиќ.