Дома Фудбал Останато Далиќ во проблеми пред натпреварот со Англија, испрати порака и до Манџукиќ

Далиќ во проблеми пред натпреварот со Англија, испрати порака и до Манџукиќ

Хрватска денеска ќе ги започне подготовките за дуелот во Лигата на нациите против Англија во петок и за пријателскиот натпревар против Јордан.

На Златко Далиќ нема да му биде ниту малку лесно со оглед на тоа што голем број на играчи кои ќе дојдат денеска на собирот имаат проблеми со повредите. Англија сигурно ќе ја пропуштат Борна Баришиќ, како и Марсело Брозовиќ, додека под знак прашалник е Шиме Врсаљко.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поради проблеми со коленото под знак прашалник е и голанот Ловре Калиниќ, а Далиќ призна дека одличниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ многу би значел за репрезентацијата на Хрватска за следните натпревар.

„Манџукиќ многу би ни значел, но тоа е на него. Можеби, откако ќе се одмори некое време, повторно ќе сака да се врати. Тој е добредојден“, истакна Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанците во транс поради Модриќ: Сам надмудри петмина, Серија А ја објави снимката (Видео)

Минатиот викенд Милан дојде до победа над градскиот ривал Интер и така ги задржа своите ша…