На вчерашниот натпревар помеѓу Ливерпул и Миделзброу (3:0), забележан е еден интересен детал на трибините на „Енфилд“.
Еден навивач на Ливерпул е толку сигурен дека Мбапе пристигнува во Ливерпул што дури веќе си набавил дрес од фантастичниот напаѓач со бројот девет за новата сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ливерпул се обидува да го доведе Мбапе, но Монако ја одби понудата од 75 милиони евра и сега се очекува со нова подобрена понуда да се врати по голгетерот од Кнежеството.
Мбапе оваа сезона на 44 натпревари постигна 26 погодоци и е прогласен за најдобар млад фудбалер во француското првенство, а за него сериозен интерес покажува и Реал Мадрид.
