На друштвените мрежи може да се пронајдат секакви работи ,па така и „докази“ за трансферите на фудбалерите.
Така девојката на стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани ги подгреа гласините за заминувањето на Ругани од Јувентус.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ругани во текот на летото на голем осе поврзуваше со Челзи каде што повторно би соработувал со Маурицио Сари кој го тренираше и во Емполи.
Се шпекулираше и дека би можел да заврши во Рома, но и дека Јувентус му спрема нов договор.
Сепак, девојката на Ругани, ТВ водителката, Мишел Персико на Инстаграм објави фотографија која многумина ја протолкуваа како знак дека Ругани се сели во Лондон.
Д
Таа објави фотографија на која може да се види како заедно со Ругани учат англиски, барем тоа може да се заклучи според фотографијата со речникот по англиски јазик.
Интересно, италијанските медиуми го дешифрираа и текстот под рацете на Мишел и наводно се работи за реченица на англиски – „Утре не одам во Лондон“.