Фудбалерите на Челзи вчера славеа победа во Амстердам против Ајакс со 1:0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Мичу Батшуаи, но после натпреварот се појавија контроверзии на кои се жалат фудбалерите на Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спорен е моментот од првото полувреме кога голот на Квинси Промес беше поништен поради мал офсајд, но изгледа ВАР погреши.
Да, и тоа е можно. Технологијата овој пат не се покажа како сигурен извор за дискутабилната ситуација која се заврши на штета на домашниот тим.
Имено, ВАР на основа на снимката пресуди дека Промес е во офсајд при додавањето од Зијеш. Но, во таа ситуација ВАР ја покажа снимката кога топката веќе се одвои од нозете на Мароканецот, а не во моментот кога ја испраќа (кога му е на нога).
Поради тоа навивачите на Ајакс се жалат дека не е употребена втората снимка како доказ.
1.Снимката како доказ во тв пренесот
2. Снимка од моментот кога Зијеш ја упатува топката кон Промес кој во тој момент не е во офсајд