Поранешниот стратег на Панатинаикос, Иван Јовановиќ е назначен за селектор на грчката репрезентација во квалификациите за СП 2026 година.
Оваа информација ја потврди грчкиот портал „Спорт ФМ“, наведувајќи дека Јовановиќ постигнал договор со Грчкиот фудбалски сојуз и дека по изборите во асоцијацијата на 22 јули ќе потпише двегодишен договор.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На клупата на Грција тој ќе го замени Густаво Појет кој не успеа да ја одведе селекцијата на Европското првенство, додека првиот меч ќе го има против Финска на 7 септември во Лигата на нации.
Главна задача на Јовановиќ ќе биде да се пласира на Светското првенство во 2026 година, на кое Грција не учествува од 2014 година.