Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) без ждрепка туку по рејтингот на репрезентации ги потврди квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 20026.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе игра во група со Грузија и Грција во борба за четврто последователно учество на собирот на најдобрите европски селекции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според правилата, пласман ќе обезбедат најдобрите седум првопласирани репрезентации и петте најдобро второпласирани репрезентации од седумте групи.
Натпреварите во квалификациите стартуваат во август оваа година кога ќе се одиграат три кола, додека следниот август 2025 година ќе се одиграат преостанатите три квалификаци кола.
Во женска конкуренција одбојкарките исто така ќе играат против Грција, а противник на дамите ќе им биде уште и Австрија.
Распоред на натпревари во машка конкуренција:
17/18.08.2024 / Грузија – МАКЕДОНИЈА
24/25.08.2024 / МАКЕДОНИЈА – Грција
28/29.08.2024 / Грција – Грузија
09/10.08.2025 / Грузија – Грција
13.08.2025 / Грција – МАКЕДОНИЈА
16/17.08.2025 / МАКЕДОНИЈА – Грузија
Распоред на натпревари во женска конкуренција:
17/18.08.2024 / МАКЕДОНИЈА – Австрија
24/24.08.2024 / Австрија – Грција
28/29.08.2024 / Грција – МАКЕДОНИЈА
02/03.08.2025 / МАКЕДОНИЈА – Грција
06.08.2025 / Грција – Австрија
09/10.08.2025 / Австрија – МАКЕДОНИЈА