Дома Фудбал Англија Грилиш: Привилегија е што Сити за мене плати 100 милиони фунти

Грилиш: Привилегија е што Сити за мене плати 100 милиони фунти

Фудбалерот на Манчестер Сити Џек Грилиш не ги оправда вложените пари во првиот дел од сезоната после трансферот од Астон Вила на „Итихад“, а во разговор за „Скај“ истакна дека верува дека наредната година ќе биде негова.

„Слушнав дека на некои играчи потребно им е една година да се прилагодат во Сити, па се надевам дека толку ќе ми биде и мене потребно. Сакам повеќе и се надевам дека тоа ќе го постигнам во наредната година. Тука стандардите се неверојатни високи на теренот, но и надвор од него“, изјави Грилиш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Минатото лето Сити за него плати 100 милиони фунти и тоа предизвика реакции во јавноста.

„Луѓето прашуваат дали вредам толку, каде се моите голови и асистенции? Ги разбирам, но чувствувам привилегија што Сити плати толку за мене. Се надевам дека ќе им се одолжам со трофеи и голови“.

Не крие дека „Итихад“ е дојден поради трофеи.

„Кога ќе се заврши кариерата трофеите и медалите е она што се бројат. Играме одличен фудбал и имаме големи шанси сезоната успешно да ја завршиме. Поради тоа дојдов тука“, порача Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…