Дома Фудбал Нова повреда во Ливерпул и допонлителна „главоболка“ за Слот

Нова повреда во Ливерпул и допонлителна „главоболка“ за Слот

Фудбалерот на Ливерпул, Џереми Фримпoнг, ќе биде надвор од теренот неколку недели поради повреда, соопштено е од клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Холандија се повреди во средата за време на натпреварот против Карабах (6:0), во последното коло од Лигата на шампионите.

Тој ќе отсуствува неколку недели, но не е толку сериозно колку што мислевме. Така што, тоа е нешто позитивно од нешто што не е позитивно“, рече менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.

Ливерпул директно од третото место се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, а вечерва од 21 часот го пречекува Њукасл во 24-тото коло на Премиер лигата и ќе се обиде да ја прекине серијата од пет натпревари без лига победа.

Веќе мислевме дека секој период е клучен, тоа не се смени. Колку повеќе се приближувате до крајот, имате помалку можности за грешка. Сега сме во ситуација каде што не смееме да си дозволиме грешки, направивме премногу“, изјави Слот.

Пред натпреварот со Њукасл, актуелниот шампион е шести на табелата со 36 поени, 14 помалку од водечкиот Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е минато за Барселона – Ова се трите спектакуларни кандидати за замена на Полјакот!

Иако Левандовски во изминатите сезони беше еден од најважните играчи на каталонскиот гиган…