Дома Фудбал Неверојатно: Пакета поради Фламенго ја одби Лигата на шампионите и останувањето во Лондон?!

Неверојатно: Пакета поради Фламенго ја одби Лигата на шампионите и останувањето во Лондон?!

Лукас Пакета е претставен како новото засилување на Фламенго, кој го сруши рекордот за неговото враќање од Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фламенго плати 42.000.000 евра за трансферот од Вест Хем, а Пакета во разговори со новинарите во Рио откри дека имал примамливи понуди да остане во Премиер лигата и да се натпреварува во Лигата на шампионите.

„Тотенхем ми се јави, а потоа и Челси. Интересно е што мојот агент ме повика возбуден да ми каже дека имаме понуда од Челси и дека ќе ја испрати на Вест Хем. Му одговорив дека сакам да чекам за Фламенго и да се вратам“, откри Пакета.

Да потсетиме, Бразилецот пристигна во Европа како голем талент во Милан, потоа преку Лион и Вест Хем се врати во Фламенго.

За седум години во Европа одигра повеќе од 250 натпревари, но срцето сакаше да се врати и тоа во својот зенит, бидејќи има 28 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешнат…