Дома Фудбал Гризман не се појави на првиот тренинг, чека разврска на трансферот!

Гризман не се појави на првиот тренинг, чека разврска на трансферот!

Францускиот напаѓач Антоан Гризман во наредните денови треба официјално да стане нов фудбалер на Барселона.

Гризман уште пред неколку месеци потврди дека ова лето го напушта Атлетико Мадрид, но Барселона сеуште ја нема активирано откупната клаузула од 120 милиони евра, па „јорганџиите“ порачаа дека го очекуваат Гризман на припремите за новата сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каталонски „Спорт“ утрово објави дека Гризман вчера не се појавил на првиот тренинг на Атлетико Мадрид и порачал Барселона што побрзо да ја заврши оваа трансфер сага.

Гризман смета дека нема смисла да го направи тоа кога веќе се опрости од своите играчи. Тој во четврток би требало да допатува во Барселона на лекарски прегледи и да го потпише договорот, а во петок официјално би требало да биде преставен на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шеф на Лион за Ендрик: Колку повеќе игра, толку помалку плаќаме на Реал Мадрид

Техничкиот директор на Лион Матијо Лиу-Жан се пофали со поволната структура на заемот, со …