Дома Македонски спорт Мак ракомет Грандиозна партија на Вардарци – падна европскиот шампион!

Грандиозна партија на Вардарци – падна европскиот шампион!

Ракометарите на Вардар со триумф и тоа кај европскиот шампион ја отвори овогодинешната сезона во Лигата на шампионите.

Вардар ова лето претрпе големи промени, не го сметаат ни меѓу десетте фаворити во ЛШ, но покажа дека се уште има огромен квалитет и го победи европскиот шампион Монпеље на гостински терен со резултат 24:27.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Вардарци на стартот на вториот дел направија солидна предност од плус три, а потоа францускиот тим стигна до израмнување, па дури успеа и да поведе. Меѓутоа следуваше нова серија на „црвено-црните“ со кои стигнаа до плус четири, со кои веќе беше јасно дека победата ќе замине во Скопје.

Најефикасен ракометар беше Вуко Борозан со 8 погодоци, додека на голот се истакна Милосавјев кој имаше 15 успешни интервенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…