Дома Трансфер зона Готово: Рома има нов тренер за наредната сезона!

Готово: Рома има нов тренер за наредната сезона!

Според информациите од италијанските медиуми, раководството на Рома веќе постигнало усмен договор со шпанскиот стратег Унаи Емери за наредната сезона.

Идниот спортски директор на Рома, Мончи веќе договорил тригодишна соработка со актуелниот тренер на ПСЖ, со оглед на фактот што Лучијано Спалети не сака да го продолжи договорот и ќе ја напушти „волчицата“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Емери неодамна наговести дека неговата епизода во ПСЖ е блиску до крајот, но истакна дека е сконцентриран на завршницата во Лига 1 и трката за титулата со Монако.

Емери и Мончи заедно соработуваа во Севиља и со тимот од Андалузија освоија три последователни титули во Лига Европа.

Сопственикот на Рома, Џејмс Палота е спремен да му даде одврзани раце на шпанскиот стратег кога се трансферите во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…