Корејскиот офанзивец, Канг Ин Ли ќе стане нов фудбалер на Пари Сен Жермен.
Ли договори трансфер вреден 17 милиони евра од Мајорка во редовите на францускиот шампион и само медицински прегледи го делат од потпишување на договор со „светците“, објави „Марка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кореецот важи за еден од најталентираните играчи во Азија, има 22 години, а минатата сезона во дресот на Мајорка запиша учинок од шест голови и седум асистенции во шпанската Примера.
Ли долго време беше желба на спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос кој се обидува да го засили тимот со млади играчи кои ќе бидат дел од новиот проект. Пред Мајорка, Кореецот ги помина младиските категории и дебитираше за првиот тим на Валенсија, во клубот пристигна на само 10 години.