Една од двете најголеми ѕвезди на Пари Сент Жермен, Нејмар постигнал договор со клубот за нов договор, објавија француските медиуми.
Двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2026 година. Бразилецот пристигна во ПСЖ во 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До минатото лето Нејмар во неколку наврати се обиде да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, но сега работите се променија и тој сака да остане во Париз.
Нејмар оваа сезона запиша 18 меча за ПСЖ на кои постигна 13 гола и 6 асистенции. Неговиот договор истекува во 2022 година, а двете страни веќе неколку месеци преговараа за продолжување на договорот.