Дома Трансфер зона Готово: Милан доби големо засилување за следната сезона

Готово: Милан доби големо засилување за следната сезона

Италијанските медиуми потврдија дека е постигнат комплетен договор и Дивок Ориги кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ориги на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул како слободен агент, а пред неколку недели започна преговори со италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а тренерот Пиоли дал зелено светло за ангажман на Белгиецот.

Последните информации се дека двете страни постигнале комплетен договор и Ориги во наредните денови ќе стави потпис.

Белгиецот ќе потпише 3-годишен договор со опција за уште една сезона и во Милано ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…