Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во дресот на Торонто.
Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а двете страни страни не можеа да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интерес за Италијанецот покажуваа неколку клубови ширум Европа, но од МЛС пристигна понуда која не се одбива.
Имено, Торонто му понудил 5-годишен договор тежок 11 милиони евра по сезона плус бонуси, а Инсиње ја прифати понудата.
„Скај Италија“ потврди дека Инсиње ставил потпис на договорот и на лето ќе се пресели во Торонто како слободен агент.
To be clear. Lorenzo Insigne has decided to complete current season with Napoli and then he’ll join Toronto FC in July. Contract until December 2027. 🔴🇨🇦 #TorontoFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 4, 2022
The agreement has been reached. Official statement expected in the next few days.