Договорот е постигнат, полскиот голман, Војчиех Шчесни се сели во Јувентус.
Јувентус бара голман, а изборот падна на Полјакот, кој минатата сезона како позајмен голман од Арсенал бранеше за Рома.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Добро информираниот „Sky Sports“ објави дека Јуве и Арсенал постигнале договор и дека „Топчиите“ ќе заработаат 16 милиони евра, а Шчесни ќе потпише четиригодишен договор кој годишно ќе му носи 3,5 милиони евра. Буфон наскоро ќе ја заврши својата богата кариера и Шчесни има прилика следната година да биде голман број еден во Торино, освен ако не се покаже.
Потсетуваме, Буфон најави крај на кариерата по Светското првенство во Русија следната година, додека Шчезни и не би имал место во Арсенал покрај Чех и Оспина.