Дома Македонски спорт Готово: Димитриевски веќе не може да ја напушти Валенсија!

Готово: Димитриевски веќе не може да ја напушти Валенсија!

Како што стојат работите изгледа македонскиот голман Столе Димитриевски ќе остане во Валенсија и покрај тоа што во тимот ќе биде и Грузиецот, Мамарадшвили.

Се најавуваше дека Димитриевски може да замине со клазула во неговиот одговор од три милиони евра која би се активирала со останувањето на Грузиецот. Но, според последните информации кои ги објави „Марка“ рокот за активирање на таа клазула истекол и веќе не важи.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Од друга страна Мамардашвили е пред останување во Валенсија на позајмица. Имено, Ливерпул и Валенсија наскоро треба да го потврдат договорот од 35 милиони евра, меѓутоа голманот нема веднаш да се пресели на „Енфилд“ и една сезона ќе настапува како позајмен на „Местаља“.

Во текстот на „Марка“ се наведува и дека Димитриевски прифатил дека сезонава ќе треба да се бори за своето место Мамардашвили кој засега е прв избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …