Дома Фудбал Италија Готово: Брозовиќ стави потпис на нов договор

Готово: Брозовиќ стави потпис на нов договор

Италијанските медиуми пренесуваат дека Марсело Брозовиќ денес ставил потпис на новиот договор со Интер.

Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можеа да најдат заеднички јазик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале комплетен договор и Хрватот денес ставил потпис на нов договор.

Со новиот договор Брозовиќ ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 2026 година, а годишно ќе заработува 6 милиони евра плус бонуси.

Се очекува во наредните денови да има официјална потврда за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе купи 20-годишен фудбалер за 50 милиони евра како замена за Салах

Ливерпул вложува максимални напори за да доведе фудбалер на Барселона, кој има 20 години, …