Дома Македонски спорт Мак фудбал Гостивар не запира: Се засили екс-фудбалер на Борусија Дортмунд!

Гостивар не запира: Се засили екс-фудбалер на Борусија Дортмунд!

Tимот на Гостивар денеска промовираше уште едно големо засилување за пролетниот дел од сезоната и тоа од германска Ханза Рошток.

Нов играч на гостиварци е дефанзивецот Томас Меизнер. Станува збор за 32-годишен стопер кој зад себе има големо искуство. Покрај Ханза, во кариерата играше и во најсилната холандска лига (Ередивизие) за екипите на Вилем и Ден Хаг, а беше дел и од Пушкаш Академијата, Дуизбург и вторите екипи на Мајнц и Борусија Дортмунд.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Очигледно амбициите во Гостивар пораснаа, па во јануарскиот преоден рок се засилија со фудбалери кои имаат сериозно портфолио. Претходно пристигнаа Петар Слишковиќ, одличниот Иван Ивановски од Тиквеш, детето на Фенербахче помеѓу стативите Ертен Ерсу, а на клупата седна турскиот стратег со искуство од Бундеслигата Исмаил Аталан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…