Италијанската компанија „Берера Холдиг“ излезе на њујоркшката берза Насадк и на јавната понуда собра околу осум милиони долари кои би можеле да бидат инвестирани во македонскиот прволигаш Академија Пандев.
„Берера Холдинг“ ќе откупи околу 70% од акциите на струмичкиот клуб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Проектот според најавите ќе биде поврзан со клубови од Гана, Аргентина и Мозамбик. Пандев ќе остане сопственик на Академија Пандев со 30% и ќе ја задржи младинската академија, токму како што почна да се развива Академија Пандев.
Во овој момент ФК Берера е аматерски клуб од Милано и се натпреварува во пониските лиги.