Славија Прага успеа да освои голем бод против Барселона на „Камп Ноу“.
Гостите од Чешка поголем дел од натпреварот добро се бранеа од нападите на Каталонците, а херој на овој тим беше голманот Ондреј Колар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој посебно во второто полувреме имаше неколку навистина феноменални интервенции со кои успеа да ја сочува својата мрежа, а после средбата најде замерка на играчите на Барселона.
Имено, Колар за чешките медиуми се изјасни дека целиот тим се радувал поради тоа што ќе играат со ѕвездите на Барселона, но однсувањето на Каталонците не било за пофалба.
„Меси и останатите само си заминаа, некои од нив не се ни поздравија со нас. Не постапија добро. Сите се радувавме што ќе се сретнеме со големи играчи, сакавме да ги замениме дресовите, меѓутоа не се однесуваа како што треба“
Голманот на Славија сепак го пофали својот колега Тер Штеген.
„Тој ме чекаше во тунел. Ме запре и ми кажа дека долго време не видел настап на некој голман како што имав јас, како и дека му било мило што бранев добро“.