Дома Фудбал Останато Големиот ривал на Арсенал бил многу блиску до доведување на Лаказет во своите редови

Големиот ривал на Арсенал бил многу блиску до доведување на Лаказет во своите редови

Лаказет не е ефикасен на „Емирати“ како што беше додека играше во Франција и многумина се прашуваат дали Арсенал направи добар потег што го доведе.

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед минатото лето можел да го донесе Лаказет, но Жозе Мурињо на крајот се откажал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, скаутите на „Црвените ѓаволи“ некое време го следеле францускиот напаѓач кој бил многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, откако што Мурињо со своите соработници ги погледнал статистичките податоци на Лаказет се откажал од него и се фокусирал на доведувањето на Ромелу Лукаку.

Како што пишува „Mirror“, одлучувачкиот податок бил тоа што голгетерскиот учинок на Лакаезет не бил многу импресивен, бидејќи минатата сезона постигнал дури 11 гола од пенал. Токму поради тоа, Мурињо сметал дека Лукаку е подобра опција за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…