Дома Трансфер зона Големата желба на Интер и Јувентус се сели кај Алиоски

Големата желба на Интер и Јувентус се сели кај Алиоски

Ѕвездата на Удинезе и аргентински репрезентативец, Родриго де Паул е блиску до трансфер во Лидс, пренесуваат италијанските медиуми.

Де Паул веќе неколку сезони е меѓу најдобрите поединци во Серија А и за него силен интерес покажуваат Интер и Јувентус.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Сепак, Лидс ќе успее да го „украде“ Аргентинецот пред носот на италијанските гиганти и веќе испратил понуда од 35 милиони евра.

Марсело Бјелса одлично го познава својот сонародник и сака да го има во својот тим, па веќе го убедил да ја прифати понудата на Лидс.

Де Паул треба да биде второто големо засилување за новиот Премиерлигаш после доаѓањето на Родриго од Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…