ПСЖ подготвува голема чистка оваа зима…
Имено, на работ од заминување е Анхел Ди Марија, а со него, тука се наоѓаат и Хатем Бен Арфа, Адриен Рабиот, Лукас Моура и најверојатно Едисон Кавани.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Парижаните мораат да ги регулираат финансиите пред летото, кога ќе го платат Килијан Мбапе. Ди Марија нема многу опции. Заинтересирана за него е Барселона, но не сака да плати 80 милиони евра, а истиот став го има и Јувентус. Останува само опцијата трансфер во Кина.
Од другата страна, „Светците“ имаа план да го доведат Кутињо, кој да дојде го повика Нејмар. Меѓутоа, Бразилецот сака само во Барселона, или пак ќе остане на „Енфилд“. Целта на ПСЖ е да го намали бројот на играчи. Во овој момент, се проценува дека од сегашниот тим остануваат Климпембе, Маркињос, Нејмар, Курзава, Мбапе, Дани Алвеш, Верати и Тиаго Силва, најверојатно и Муние, како и неколку млади играчи.
Ниту Емери не е сигурен, не е на милост на Нејмар кој му се лути на тоа што секој тренинг троши по половина час на гледање видеа со играчите и укажување на грешки.