Дома Фудбал Останато Голема чест: Фотографијата на Личовски од Марадона е помеѓу најдобрите 30 на Мундијалот!

Голема чест: Фотографијата на Личовски од Марадона е помеѓу најдобрите 30 на Мундијалот!

Минатогодишното Светско првенство кое се одржа во Русија изобилуваше со безброј прекрасни фотографии.

Голем број фотографи од целиот свет се обидуваа да направат што подобра фотографија на Мундијалот, а голема гордост за нас е што помеѓу најдобро направените фотографии се најде и фотографијата на еден Македонецот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѓорѓи Личовски кој работи за агенцијата на ЕПА имаше таква чест. Личовски на својата фотографија која беше избрана од „Гардијан“ за една од најдобрите ја овековечи радоста на аргентинската легенда Диего Армандо Марадона.

Фотографијата навистина изгледа „моќно“ – Диего гледајќи кон небото го прославува голот, додека останатите навивачи на Аргентина што се околу него го прославуваат погодокот.

Еден светски познат медиум како што е „Гардијан“ да ја избере твојата фотографија помеѓу најдобрите 30 на еден така голем настан каде што во еден натпревар настануваат стотици фотографии воопшто не е мала работа.

Иначе, станува збор за еден од најдобрите фотографии кои Македонија ги има. Сивито на Личовски е навистина богато, тој е дел од скоро сите големи спортски случувања, всушност самото присуство на настан како Светското првенство е доказ за неговите квалитети.

Името на Личовски ќе биде вечно запишано и во македонската фудбалска историја. Токму тој е човекот кој во 1993 година го фотографираше моментот кога Зоран Бошковски – Чоко го постигнува првиот гол за Македонија како незавсина држава.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…