Дома Трансфер зона Голема реконструкција, четири ѕвезди го напуштаат Јувентус

Голема реконструкција, четири ѕвезди го напуштаат Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус спрема голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок.

На лето заминува Дибала, кој долги години беше еден од главните играчи во тимот, но покрај Аргентинецот ќе заминат уште неколку ѕвезди.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Според медиуми блиски до клубот, покрај Дибала, во конкуренција за заминување се уште четворица важни играчи, а најголеми промени ќе претрпи средниот ред.

Јувентус ги ангажираше Мануел Локатели и Денис Закарија, а со тоа стана јасно дека Алегри нема да смета на Артур Мело и Адриен Рабио во екипата, па се очекува да бидат продадени на лето.

Се споменува заминувањето и на Федерико Бернардески, кој е во преговори со клубот за нов договор, но барањата на италијанскиот репрезентативец се поголеми. Клубот исто така му ја отвори излезната врата и на Алекс Сандро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…