Дома Фудбал Англија Голема промена во Премиер лигата: Нема повеќе „крадење“ време при замени?

Голема промена во Премиер лигата: Нема повеќе „крадење“ време при замени?

Одолговлекувањето и задржувањето време е навистина тешко во целост да се отстрани од фудбалот, но може да се намали.

ИФАБ размислува да промени одредени правила во фудбалот со цел да ги спречат фудбалерите да „крадат“ време при излегувањето од теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, тие размислуваат за укинување на измената во судиското продолжено. Покрај тоа наредниот месец ќе имаат и уште еден предлог.

Во прашање е начинот на излегување од теренот на заменетиот играч. Тие сакаат да го променат правилот фудбалерот да мора да излезе од центарот на теренот. Според нив многу време би се заштедило доколку играчот излегува од најблиската аут линија до која се наоѓа.

Кога е оваа сезона во Премиер лигата во прашање, топката просечно во игра е 55 минути и 9 секунди. Кога Барнли го победи Кардиф со 2:1 активна игра на теренот видовме само 42 минути и 2 секунди.

Јасно е зошто ФА сака вакви промени. Свесни се колку долго фудбалерите го напуштаат теренот и колку често се прават измени во финишот за да се украде некоја секунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона преговара за откуп на Рашфорд

Од Барселона се многу задоволни од настапите на Маркус Рашфорд, кој е позајмен од Манчесте…