Дома Фудбал Италија Голем скандал околу пеналот за Интер, судијата намерно лажел, следуваат казни

Голем скандал околу пеналот за Интер, судијата намерно лажел, следуваат казни

Главна тема во Италија овие два дена секако е недосудениот пенал за Торино на мечот против Интер при резултат 1:0.

При еден дуел во шеснаесетникот Ранокија го фаулираше Белоти, но судијата Гвида не покажа на белата точка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Уште посомнително е што имаше консултација од една минута со ВАР судијата Маса и беше донесена одлука да не покаже на белата точка.

Сега во медиумите е објавена целата комуникација помеѓу судиите, што предизвика уште поголем скандал.

Имено, судијата Маса му вели на Гвида дека нема потреба да гледа снимка и дека Ранокија ја удрил прво топката, а не ногата на Белоти. Ова отвори големи сомнежи со оглед на фактот дека јасно се гледа дека Ранокија воопшто не ја допира топката, туку ногата на Белоти.

Судијската федерација најави дека двајцата судии ќе бидат суспендирани на одредено време, а секако поголема ќе биде казната за ВАР судијата, Давиде Маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фотошопот е чудо: Погледнете како навистина изгледа Ванда Нара (Фото)

Бившата сопруга на Марио Икарди, Ванда Нара, повторно стана во центарот на вниманието кога…