Исклучително важен член на првиот состав.
Селекторот на Германија, Јоаким Лев би можел да биде лишен од помошта на Жером Боатенг на Мундијалот во Русија. Искусниот 29-годишен дефанзивец на Баерн се повреди во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампионите против Реал, па од теренот ќе отсуствува помеѓу пет и шест недели, со што ќе го загрози неговото учество на Светското првенство во Русија.
Jerome Boateng confirmed by himself via Instagram, that he will miss the remaining matches this season but will fight to be fit for the World Cup this summer!
Come back stronger Jerome ?? pic.twitter.com/4qpHThBDCk
— Bayern mania (@Bayern_mania) April 26, 2018
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Искусниот стопер нема да игра за Баерн до крајот на сезоната, ќе го пропушти и реваншот во полуфиналето во Лигата на Шампионите, како и финалето во Купот на Германија против Ајнтрахт. Отсуството на Боатенг ќе биде тежок удар за Германија која во Русија ќе се обиде да ја одбрани титулата пред четири години во Бразил.