Фудбалскиот клуб Коринтијас одлучи нивната трета гарнитура да биде посветена на еден нивни специјален фан – Аритон Сена.
Дресот е комбинација на црна и златна боја, таква боја беше и болидот на Лотус кој го возеше Бразилецот кога почина на 1-ви мај 1994 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На средина на дресот место името на некој спонзор ќе стои неговиот потпис.
Исто така на дресот ќе има 41 линија, а тие линии го претставуваат бројот на победи на овој возач на Формула 1.
Бразилецот е еден од легендарните возачи на Формула 1. Возеше за тимовите на Толеман, Лотус, Мекларен и Вилијамс.
Освои три шампионати, настрада на патеката во Сан Марино 1994 година, а многумбројни Бразилци овој трагичен настан го сметаат за национална трагедија.
https://www.instagram.com/p/BoaZ8NlhX4M/?utm_source=ig_embed