Дома Фудбал Лига на шампиони Гол кој предизвика делирум во светот: Како коментаторите го пренесуваа погодокот на Бејл…(Видео)

Гол кој предизвика делирум во светот: Како коментаторите го пренесуваа погодокот на Бејл…(Видео)

Велшанецот со атрактивните ножички во финалето од Лигата на шампионите го воодушеви фудбалскиот свет.

Реал Мадрид славеше во финалето во Киев против Ливерпул со 3:1, а големи заслуги за победата на „кралевите“ има Герет Бејл.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бејл во игра влезе во второто полувреме и за неколку минути по стапнувањето на теренот изведе спектакуларни ножички за предност од 2:1 на својот тим, а до крајот постигна и уште еден гол за конечни 3:1.

Коментаторите ширум светот целосно полудеа после неговите ножички во 64 минута, а како и не би било така кога оваа мајсторија веројатно е најубавиот гол во финалињата од Лигата на шампионите.

Во продолжение потсетете се на голот на Велшанецот и слушнете како неговиот гол го пренесуваа коментаторите ширум светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ракитиќ остана без договорот со Хајдук – каде ќе ја продолжи кариерата?

На Иван Ракитиќ му истече договорот со Хајдук. Тој пристигна во клубот во јули минатата го…