Сите кои ја следеа завршницата на овогодинешниот УС Опен и бледото финале помеѓу Тим и Зверев се согласуваат дека Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми ќе стигнеше до трофејот во Њујорк, четврти во неговата кариера, да не беше познатата елиминација од американскиот гренд слем затоа што со топка ја погоди линиската судијка.
Строгиот потег на организаторите на УС Опен дополнително го мотивираше Новак кој во меѓувреме го освои Мастерсот во Рим, сега да го освои и Ролан Гарос, гренд слемот на кој успеа да триумфира само еднаш – 2016 година, а кој почнува во понеделник!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
А ако верувате во Ѓоковиќ, тоа може и да ви се исплати, бидејќи во MOZZART квотите дека Новак ќе го освои овогодинешниот Ролан Гарос е 3.30, што значи дека ако на овој исход уплатите 1.000 денари во Mozzart и тоа се случи, ќе подигнете 3.300 денари.
Повеќе заради традиција, отколку заради моменталната форма, прв фаворит во Париз е Рафаел Надал, човекот кој веќе 12 пати беше најдобар на единствениот гренд слем кој се игра на земја. Сепак, Шпанецот во Рим излезе во четвртфиналето и покажа дека е далеку од идеална форма. Квотата дека Надал ќе го земе трофејот е 2.20.
Освојувачот на УС Опен – Доминик Тим е третиот фаворит и единствен покрај Надал и Ѓоковиќ на кој му се даваат реални шанси за победа – на него квотата е 3.70.
Далеку позади се Циципас (20), Зверев и Медведев (25), Вавринка (35), Беретини и Шварцман (50)…
Ѓоковиќ и Надал имаат дополнителен мотив за освојување на гренд слемот заради ситуацијата со вечната листа на освојувачи на овие најјаки тениски турнири: Федерер е прв со 20, Надал е втор со 19, а Ѓоковиќ е трет со 17 триумфи. Сега веројатно квотата во Mozzart на српскиот ас ви звучи уште попримамливо. Кај женскиот тенис на Ролан Гарос ситуацијата е понеизвесна, па и квотите се поголеми: на Симона Халеп квотата е 4.00, на Мугуруса е 8.00, на Серена Вилијамс и Азаренка 12.00… Погледнете ги сите квоти на MOZZART обложувалници за освојувачи на Ролан Гарос