Англија е во голем шок откако во саботата се сруши хеликоптерот на паркингот на „Кинг Пауер“ и загинаа пет лица помeѓу кои беше и претседателот на клубот Вичај Шривадханапраба кој во 2010 година го превзема англискиот клуб.
Сведоците кои беа на местото на настанот изјавија дека во близина на паркингот имало двајца полицајци, а еден од нив се обидел да го скрши стаклото на хеликоптерот и да ги извлече патниците. Сепак, на крајот не се изборил со пламенот, а потоа дошло и до експлозија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега на друштвените мрежи се појави снимка на која се гледа како полицаецот трча кон хеликоптерот и се обидува да помогне. После овој херојски подвиг се огласи и портпаролот на полицијата во Лестер.
„Имавме стандардна рутина на овој натпревар како и на секој друг. Колегите беа во шок кога хеликоптерот падна на паркингот и еден од нив се обиде да помогне. Беше навистина храбар и го ризикуваше својот живот. Шокиран е од се што се случи и не е познато кога ќе се врати на работа“, порачаа од полицијата.
#Leicester #Kingpowerstadium Fallen Helicopter pic.twitter.com/fLV2UeNzyc
— Leo Bruka (@leo_bruka) October 27, 2018