Дома Останати Го победи ракот и освои злато во Пекинг!

Го победи ракот и освои злато во Пекинг!

Канаѓанецот Макс Паро го освои златниот медал во сноубордерската дисциплина слопстај на Олимписките игри во Пекинг.

Оваа информација немаше да биде толку посебна ако Канаѓанецот не го победи ракот и успеа да се врати на големата сцена. После игрите во Пјонгчанг во 2018 година на Паро му беше дијагностициран еден вид на рак. За среќа хемотерапијата беше успешна и тој ја победи болеста.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Канадскиот сноубордер после проблемите се врати на патеките и започна да ја крева формата се до кулминацијата и освојувањето на златниот медал. До златото Паро стигна со 90.65 поени. Пред четири години во Пјонгчанг беше второпласиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…