Од утрово актуелна е ситуацијата со Софијан Амрабат и Барселона, а сега најава за овој трансфер даде и самиот фудбалер.
Амрабат на својот Инстаграм профил објави „стори“ на кое напиша:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Живејте го моментот. Иднината на никого не е сигурна“.
Според многумина Амрабат со ова „стори“ најавува нов предизвик и прави притисок во преговорите помеѓу Барселона и Фиорентина.
Чави сака засилување во средниот ред, иако има играчи на таа позиција. Лапорта наводно е расположен да му го исполни барањето, посебно затоа што на Барселона и оди одлично во Ла Лига и во овој момент се лидери на табелата.
Треба да се знае дека единствената опција со која Барселона може да го доведе Амрабат е позајмица со право на откуп бидејќи клубот не може да троши големи сега. Време нема многу, па ќе видиме дали обидот на Барселона ќе биде успешен до крајот на денот…