Дома Фудбал Лига на шампиони Го нарече Роналдо свиња, казната е неизбежна

Го нарече Роналдо свиња, казната е неизбежна

Порто во вторникот го елиминира Јувентус во осминафиналето на ЛШ, откако после продолженијата изгуби со 3:2, но поради правилото за гол во гости се пласира во следната фаза.

Во Торино беше видена вистинска драма, а храбриот Порто со играч помалку успеа да се одбрани од нападите на Старата дама и на крајот оствари голем успех со пласманот во четвртфиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Спикерот на Порто, Фернандо Саул после натпреварот јавно и брутално го навреди Јувентус, а посебно првата ѕвезда на клубот Кристијано Роналдо.

„Им се одмаздивме на италијанските лопови за поразот во Базел 1984. година. Му се одмаздивме на таа свиња Роналдо за се што правеше на Драгао.“ – напиша Саул на Инстаграм.

Порто сега покрена дисциплинска постапка против човекот на кој ова не му беше прв испад. Пред неколку години исто така беше суспендиран поради навреди.

„Управниот одбор на Порто на денешниот состанок одлучи да покрене дисциплинска постапка против спикерот на клубот Фернандо Саул поради тоа што го напиша на социјалните мрежи после натпреварот против Јувентус.“ – стои во официјалното соопштение на португалскиот великан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо: Го сакам Реал Мадрид и Арбелоа, тој беше еден од моите омилени играчи

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше пред медиумите на интересна прес-конференција …