Дома Фудбал Саул се чувствувал како Де Геа: Бев нервозен, мислев трансферот нема да помине

Саул се чувствувал како Де Геа: Бев нервозен, мислев трансферот нема да помине

Вчера Саул Нигез во последните минути од преодниот рок го компелтираше трансферот во Челзи.

Шпанскиот фудбалер во тие моменти се чувствувал како Давид Де Геа чиј трансфер во Реал Мадрид пред неколку години пропадна затоа што документацијата не стигна да се комплетира до 00:00 часот, тогаш клубовите задоцнија некоја минута. Саул сепак имаше среќа и се било завршено 23:57.

„Часот точно беше 23:57 кога се заврши ревизијата на документацијата за трансферот, потоа истото требаше да се направи и од другата страна. Мислев нема да се заврши, се чувствував како Де Геа. Бев нервозен, долг ден е зад мене. Мојата сопруга исто беше нервозна затоа што ова воопшто не беше лесна одлука. Не е едноставно да си го напуштиш домот“, изјави Саул.

Саул се пресели во Челзи за позајмица од пет милиони евра, а „сините“ ќе имаат опција да го откупат неговиот договор следното лето за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Венеција остана без тренер: Ѓовани Стропа доби отказ

Венеција се наоѓа на дното на табелата во Серија А, што доведе до отказ за тренерот Ѓовани…