Дома Фудбал Германија Германците признаа: Кризата беше очекувана!

Германците признаа: Кризата беше очекувана!

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнхард Гриндел повика на обединување по тешкиот пораз со 0:3 од Холандија во Лигата на нациите.

„Беше јасно на сите нас дека во националниот тим ќе има криза по разочарувачкото претставување на Светското првенство. Затоа сега е повеќе од потребно да останеме обединети како тим на и надвор од теренот“, рече Гриндел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поразот го зголеми притисокот врз селекторот Јоаким Лев, кој има договор со федерацијата до 2022 година.

Гриндел не сакаше да коментира за иднината на тренерот и ги повика сите во тимот да се концентрираат на претстојниот натпревар со Франција во вторник и реваншот со Холандија другиот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мурињо дозна дека Барселона сака играч од Бенфика, па направи невиден потег

Кристенсен оваа сезона мака мачи со повредите, а токму кога почна да игра и да влегува во …