Германската фудбалска јавност не го сака Каи Хаверц во стартниот тим за осминафиналето.
Во Германија беше направена анкета според која навивачите сметаат дека селекторот Нагелсман треба да му даде предност на Никлас Фулкруг од првата минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хаверц беше стрелец на гол од пенал во првиот натпревар со Шкотска, но потоа со Унгарија и Швајцарија не одигра на некое високо ниво.
Навивачите се незадоволни што Нагелсман и понатаму го форсира. Во анкетата која ја направи „Билд“ и во која учествуваа над 140.000 испитаници дури 90% од нив бараат Хаверц да не биде стартер.
Дали и Нагелсман така мисли ќе видиме кога ќе започне осминафиналето…