Дома Трансфер зона Германскиот репрезентативец призна: Сонувам да играм во Интер!

Германскиот репрезентативец призна: Сонувам да играм во Интер!

Германскиот репрезентативец и член на Хофенхајм Нико Шулц потврди дека негов сон е да се пресели во редовите на милански Интер, кој му е омилен клуб.

Левиот офанзивен бек одигра фантастична партија во квалификациите и беше херој на Германија во победата над Холандија во Амстердам.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


За 25-годишниот Германец интерес покажуваат многу европски гиганти, па јасно е дека на крајот на сезоната ќе го напушти Хофенхајм.

„Сакам да играм во клуб кој постојано е на највисоко ниво во Европа. Интер е мојот детски сон, се надевам дека ќе го исполнам еден ден. За сега сум среќен во Хофенхајм и нема да е проблем ако останам овде и наредната сезона“, вели Шулц.

Шулц е роден во Берлин, а кариерата ја почна во Херта, играше и за Борусија Менхенгладбах, а од 2017 година е во Хофенхајм. Тој влече корени од Апенините затоа што неговиот татко е Италијанец поточно од островот Искја во Неаполскиот залив.

Од тука и неговата љубов кон Италија. Дури имаше понуда да игра за младите категории на Италија, меѓутоа тој ја избра германската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…