Дома Фудбал Репрезентации Германија ја покоси Норвешка: Среќата на страна на домаќините (Видео)

Германија ја покоси Норвешка: Среќата на страна на домаќините (Видео)

Во рамки на квалификациите за СП во Русија, вечерва Германија најубедливо со високи 6:0 ја покори селекцијата на Норвешка.

Озил беше прецизен во 10. инута, потоа Дракслер во 17, Вернер стрелаше два пати и тоа во 21. и 40. минута. Горецка и Гомез во второто полувреме односно во 50. и 79. минута го заокружија убедливиот резултат за „Панцирите“.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во останатите дуели Англија со погодоците на Даер во 37. и Рашфорд во 59. славеше над Словачка со 2:1. Стрелец за минималната победа на Црна Гора беше Јоветиќ во 75. минута од мечот.

Полска славеше над Казакстанд со 3:0, Словенија беше доминантна на домашен терен против Латвиа, Северна Ирска си го обезбеди второто место во групата откако триумфираше над Чешка со 2:0, и во последниот меч Шкотска со 2:0 славеше над Малта.

За потсетување, нашата селекција утре во Струмица ќе го одигра дуелот против соседна Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …