Репрезентацијата на Германија ќе се соочи со проблеми во осминафиналниот натпревар на Европското првенство.
Според последните информациите, Јулијан Нагелсман во овој натпревар нема да може да смета на Џонатан Та кој доби втор жолт картон во натпреварот со Швајцарија, а на повреда се пожалил и Рудигер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Рудигер беше вчера заменет и на негово место во игра влезе Нико Шлотербек кој би требало да биде стартер. Ако и Рудигер не може да настапи, тогаш на негово место би требало да игра Валдемар Антон од Штутгарт.
Во осминафиналето Германија ќе игра против второпласираната од групата „Ц“ каде што се: Србија, Данска, Словенија и Англија.