Пеп Гвардиола веќе долги години е во групата на најдобрите светски тренери, а многу пати покажувал господски манири и голема почит кон ривалите.
Манчестер Сити сезонава не успеа да ја одбрани титулата шампион на Англија бидејќи Ливерпул беше навистина супериорен и стигна до првиот шампионски пехар уште од 1990 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие два клуба за неколку дена ќе играат меѓусебен дуел на „Етихад“, а Гвардиола после победата против Њукасл потврди дека играчите на Ливерпул ќе бидат дочекани како шампиони.
„Секако дека ќе им направиме шпалир. Ќе ги дочекаме во нашиот дом онака како што заслужуваат“, изјави Шпанскиот тренер.
Ливерпул официјално стана шампион минатата недела кога Сити изгуби од Челзи на „Стенфорд Бриџ“. „Граѓаните“ како што изгледа сезоната ќе ја завршат на второто место.