Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека неговиот тим е многу блиску до титулата во Премиер лигата, но потенцираше дека се уште ништо не е готово.
„Блиску сме, не можеме да го негираме тоа. Но, работата не е завршена. Се е во наши раце, а најважно е што работите зависат од нас. Едноставно треба да го завршиме започнатото“, изјави Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола потоа го коментираше притисокот под кој се наоѓа Антонио Конте кој треба да избори место во Топ 4 со Челзи.
„Јас се чувствував исто минатата сезона. Ние менаџерите знаеме дека кога си на врвот сите зборуваат колку си добарм дека си гениј. Кога губиш, луѓето почнуваат да те критикуваат, велат дека играчите не те следат, дека имаш проблеми со раководството…“, објасни каталонскиот стратег.