Шпанскиот репрезентативец, Феран Торес во јануари ќе го напушти Манчестер Сити.
21-годишниот напаѓач во Сити пристигна летото минатата година од Валенсија за скоро 30 милиони евра, но после нешто повеќе од една година одлучи да го напушти „Етихад“ и да се врати во Шпанија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите во Шпанија вчера објавија дека Торес се договорил со Барселона и дека кариерата ќе ја продолжи во каталонскиот клуб. Исто така, Барселона и Сити се блиску до договор и се очекува во наредните денови да пристигне и официјална потвра за овој трансфер.
Дека работата е скоро завршена потврди и Пеп Гвардиола.
„Феран Торес е многу блиску до потпис со Барселона. Практично остана само уште официјалнатап отврда. Се уште не е официјално, но договорот е блиску. Кога клубот ќе потврди, тоа е тоа. Немам никаков проблем со Феран да си замине сега во јануари. Ние не сме клуб кој ги присилува играчите да останат, нашиот претседател тоа не го прави. Ако некој фудбалер мисли дека ќе биде посреќен на друго место нема да му правиме проблем со трансферот, ниту јас, ниту управата“, изјави Гвардиола.